Биографија: (Суботица, 01.01.1941 - ) Српска филмска, театарска и телевизиска актерка, сликарка и писателка. По националност е унгарска Еврејка. Дипломирала на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград во 1963 година. Со нејзиниот сопруг Радомир Стевиќ Рас, сликар и графичар, во 1964 година го основала Театарот нанационална драма. Меѓу другите, играла и во филмовите на Душан Макавејев, Александар Саша Петровиќ, Живко Николиќ, Емир Кустурица, Ѓорѓе Кадијевиќ, Срѓан Драгојевиќ и други.
Со филмот „Љубовен случај или трагедија на службеничката на ПТТ“ на Душан Макавејев (1967), стекнала светска слава. Играла во голем број унгарски филмови во режија на: Ливија Ѓармати, Јанош Роза и Ференц Кардош. Има освоено многу важни филмски награди: „Златна пеперутка“ (1996) во Унгарија, по повод 100-годишнината од филмската уметност; „Големиот печат“ на Југословенската кинотека за животно дело и други.
Филмографија:
2016:
Елена
(
Актер,
)