< Назад

Вагленаров Љубомир

Биографија: (Скопје, 1.1.1933 - ) Филмски и телевизиски снимател. По завршувањето на средното образование, започнува да се занимава со снимателската работа. Во периодот од 1950 до 1961 година работи како асистент-снимател за Филмске новости од Белград. Од 1961 година па сè до своето пензионирање 1990 година, работи како снимател во Македонската радио и телевизија. На Фестивалот за ТВ остварувања во Блед има освоено две први награди за најдобра камера, за ТВ филмовите СВЕТЕЦОТ ОД СЛАТИНА на режисерот Васил Ќортошев и ПТИЦИТЕ ДОАЃААТ на режисерот Димитрие Османли.

Филмографија:

1971: Придружници ( Снимател, )
1975: Крлук ( Снимател, )
1977: Фаулбал ( Снимател, )
1984: Нели ти реков ( Директор на фотографија, )