Биографија: (Скопје, 1.2.1961)
Филмски и телевизиски режисер.
Филмска режија завршува на Високата државна школа за филм и телевизија во Лоѓ, Полска.
На филм започнува да работи во 1985 година. Вработен е како асистент по предметот филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
За својата работа добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Специјална награда на градот Лоѓ за филмовите ДВОБОЈ и ДЕН (1985), Златен медал за дебитантски филм на 38-миот фестивал на југословенскиот документарен и кусометражен филм во Белград за филмот ЉУБОВТА НА КОЧО ТОПЕНЧАРОВ (1991), Награда на публиката на интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ (1997).
Награди: 1985 Специјална награда од градот Лоѓ / „Двобој“ и „Ден“
1991 ФЈДКФ, Белград, Златен медал Белград / „Љубовта на Кочо Топенчаров“
1997 МФФ „Браќа Манаки“, Битола, Награда од публиката / „Преку езерото“
Филмови: 1985 ДВОБОЈ, сценарио, режија, краток игран, Висока државна школа за филм и ТВ - Лоѓ, Полска
1987 ЕХО, сценарио, режија, краток игран, Висока државна школа за филм и ТВ - Лоѓ, Полска
1985 ДЕН, сценарио, режија, документарен, Висока државна школа за филм и ТВ - Лоѓ, Полска
1986 ВРЕМЕ, сценарио, режија, документарен, Висока државна школа за филм и ТВ - Лоѓ, Полска
Филмографија:
1991:
Љубовта на Кочо Топенчаров
(
Режија,
Сценарио,
)
1997:
Преку езерото
(
Режија,
Сценарио,
)
2003:
Како лош сон
(
Режија,
Продуцент,
Сценарио,
)