Биографија: (Тирана, 30.06.1955 - ) Театарски и филмски актер и режисер.
Високи студии по глума завршил на вишиот институт за уметности во Тирана, во 1976 година. Веднаш по дипломирањето започнува да работи во Народниот Театар. Во 1986 година завршил постдипломска специјализација по режија на ILA (Високиот Институт за Уметности). Во Народниот Театар, играл повеќе улоги, најчесто во комедии. Сокол Ангели како режисер се истакнува со драмите: „Беселам зошто ме жртвуваат“ од Р. Ќосе со поднаслов „Мост на жртвувањето“ во Народниот театар од Гњилане, Косово, 2003 година (добитник на Првата Награда на „Јануарски пламен“) и „Човекот што ја виде смртта со очи“ на Кичевскиот театар (2004). Глумел и во неколку албански филмови на продуцентот „Киностудио“. Сокол Ангели има реализирано и повеќе проекти и соработки со ТВ, во улога на режисер, рецитатор, актер и водител.
Филмови:
1978 ВО СНЕЖНИТЕ ШУМИ ИМА ЖИВОТ, актер
1978 ПО ТРАГИТЕ, актер
1980 ПРИЈАТЕЛОТ ОД СЕЛОТО, актер
1981 КОГА СЕ СНИМАШЕ ЕДЕН ФИЛМ, актер
1987 ШИНИ, актер
1993 ПОСЛЕДНАТА НЕДЕЛА, актер
1999 ПОГРЕБАЛЕН БИЗНИС, актер
2002 ТЕЖИНАТА НА МОЈАТА СОПРУГА, актер
Филмографија:
2002:
Кога цвеќето умира
(
Режија,
Сценарио,
)