Биографија: (Скопје, 17.04.1963 - ) Македонски филмски режисер.
Студирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во период од 1983 - 1988 студира филмска режија на Високото државно училиште за филм, телевизија и театар во Лоѓ, Полска.
Неговиот краткометражен филм „Со кренати раце“ освои повеќе меѓународни награди вклучувајки ја и Златната палма за најдобар краткометражен филм во Кан 1991. Добива награди и на фестивалите во Минхен, Краков, Тел Авив, Римини и Монте Касино.
Неговите остварувања се емитувани на бројни телевизиски станици како PBS, А & Е, ZDF, Channel + и Channel 4. Филмот БЕРИЌЕТ е дел од трилогијата „Човекот и трудот“. Првиот негов филм ЛЕБ И СОЛ е снимен 1986 во бродоградилиштето Ленин во Гдањск.
Награди: 1995 МФФ, Исмаилија, Гран При за режија / „Бериќет“
Филмографија:
1994:
Бериќет
(
Режија,
Сценарио,
)
1998:
Маклабас
(
Главна улога,
)
1998:
Ливада
(
Режија,
Музика,
)
2010:
Војната заврши
(
Режија,
Продуцент,
Сценарио,
)