< Назад

Марковски Нешо

Биографија: (Тетово, 20.07.1927 - Скопје, 17.05.1985) Македонски новинар, сценарист и општественик. Учествувал во НОБ. Во новинарството е од 1948 година, кога го уредувал весникот „Шар“ во Тетово. Кон средината на педесеттите години на 20 век бил соработник, па уредник на Внатрешно-политичката рубрика на „Нова Македонија“. Еден од основачите и уредниците на седмичникот „Вечер“ во издание на НИП „Нова Македонија“. Бил и прв главен уредник на македонското издание на седмичникот „Комунист“ во 1964 година. Бил претседател на Здружението на новинарите на Македонија.

Филмографија:

1957: Полог (економски преглед) ( Сценарио, )
1957: Полог (туристички преглед) ( Сценарио, )
1958: Во пазувите на Шара ( Сценарио, )