< Назад

Насев Сашко

Биографија: (Кочани, 1966 - ) Драмски писател, романсиер и филмски сценарист. Дипломира на Филолошкиот факултет во Скопје на групата за општа и компаративна книжевност. Студира и драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а во САД престојува на специјализација. Одреден период работи како уредник на културната рубрика на весникот „Студентски збор“ и како соработник на Македонската телевизија. Автор е на повеќе драмски текстови коишто биле поставени на театарската сцена. Од нив позначајни се: „Чија си“, драматизацијата „Женски оркестар 1“, „Женски оркестар 2“, „Грев или шприцер“, „Спиро Царо“ (изведена како специјална премиера на фестивалот МОТ, Скопје 1992), потоа телевизиска серија „Бумбари“. Автор е и на сценариото за филмот САМОУНИШТУВАЊЕ. Тетарските претстави поставени според негови текстови постигнуваат голем успех пред публиката.

Филмографија:

1996: Самоуништување ( Сценарио, )