< Назад

Ивановски Србо

Биографија: (Штип, 1928 - Скопје, 12.03.2014) Македонски поет, раскажувач, романописец, драмски автор и писател за деца. Дипломирал на групата Јужнословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Во литературата се јавува веднаш по Втората светска војна. Работел како уредник во Телевизија Скопје. Член е и поранешен претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1949 година, како и член на Македонскиот ПЕН центар.

Филмови: 1959 БЕЛИ ШТРКОВИ, текст, документарен, Вардар филм
1959 ДОПИРИ СО СМРТТА, текст, документарен, Вардар филм
1959 ПРИЛЕП ВЧЕРА ДЕНЕС, текст, документарен, Вардар филм
1960 ВО ДОЛИНАТА НА ЦВЕТОВИТЕ, текст, документарен, Вардар филм
1960 ШАРПЛАНИНЕЦОТ МУРГОШ, текст, документарен, Вардар филм
1961 ГРАДОТ НА ВАРДАР, ко-текст, документарен, Вардар филм
1961 ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО, текст, документарен, Вардар филм
1961 ПОМЕЃУ ДВЕ РАЗДЕЛБИ, текст, документарен, Вардар филм

Филмографија:

1961: Детето од колоната ( Сценарио, )
1963: Скопски репортер бр. 3 ( Соработник, )