< Назад

Момировски Томе

Биографија: (Кичево, 04.04.1927 - Скопје, 20.03.2012) Новелист, автор на кратки раскази, романи, поезија, есеи, критики, филмски сценарија и друго. Завршил Филозофски факултет, група филозофија, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил главен уредник на весникот „Млад борец“, на Радио Скопје, на списанието „Културен живот“ (Белград), уредник на списанијата: „Современост“, „Погледи“, „Хоризонт“ и „Културен живот“ (Скопје), републички секретар за култура на Македонија, претседател на Културно-просветната заедница на Македонија и др. Автор е на: повеќе збирки раскази, раскази и сказни за деца, романи, есеи и критики, есеистичко-патеписна проза, а составил и низа монографии, критичко есеистички огледи за литературата, филмот, театарот и ликовната уметност, монодрами, радио-драми, филмски сценарија и други сценски изведби. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Наградата 11 Октомври за животно дело, Наградата Св. Климент Охридски, Рациново признание за повеста „Бреслики“ (1976), Наградата на РТВ при Струшките вечери на поезијата за повеста „Бела“ (1978), Наградата Мито Хаџи Василев - Јасмин и други. Живее и работи во Скопје.

Филмови: 1956 ПО ТРАГИТЕ НА КАТАСТРОФАТА ВО МАВРОВО, текст, документарен, Вардар филм 1957 ВО СТАРИОТ КРАЈ, текст, документарен, Вардар филм 1957 ПОЛОГ (ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД), текст, документарен, Вардар филм 1957 СРЕДНОВЕКОВНИ ФРЕСКИ ВО МАКЕДОНИЈА, текст, документарен, Вардар филм 1961 11 ОКТОМВРИ 1941-1961, текст, документарен, Вардар филм 1961 13 НОЕМВРИ, текст, документарен, Вардар филм 1962 ОХРИДСКА ПАСТРМКА, текст, документарен, Вардар филм 1962 ТИТО МЕЃУ МЛАДИНАТА, текст, документарен, Вардар филм 1963 КУЛТУРНО БОГАТСТВО ВО УРНАТИНИ, текст, документарен, Вардар филм 1963 ОВАА ПРОЛЕТ 1963, текст, документарен, Вардар филм 1965 ДЕЦАТА ИМААТ ИСТА НАСМЕВКА И СОЛЗИ, сценарио, документарен, Филмски Новости Белград 1967 ТИТО ВО ОХРИД, текст, документарен, Вардар филм 1968 ГРАД ШТО НЕ УМИРА, текст, документарен, Филмски новости Белград 1969 ЕДЕН ЛЕТЕН ДЕН ВО ОХРИД, текст, документарен, Вардар филм 1969 ЗИК ПЕЛАГОНИЈА, текст, документарен, Вардар филм 1969 ПЕСТАЛОЦИ, текст, документарен, Вардар филм 1969 ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТИТО ВО ПОСЕТА НА ЗИК ПЕЛАГОНИЈА, текст, документарен, Вардар филм 1970 РУДНИК „ТАЈМИШТЕ“ - КИЧЕВО, текст, документарен, Вардар филм 1971 РУДНИК ДЕМИР ХИСАР - СОПОТНИЦА, текст, документарен, Вардар филм 1972 ГРАД НА ЧОВЕЧКО ПРЕПОЗНАВАЊЕ, текст, документарен, Вардар филм 1973 ДРВОИНДУСТРИСКИ КОМБИНАТ ТРЕСКА, текст, документарен, Вардар филм Скопје 1974 ГОЦЕВ ДЕН, реализација, документарен, Вардар филм 1977 ГРАДЕЖНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „МАВРОВО“, текст, документарен, Вардар филм 1978 Х.Е. ШПИЉЕ, текст, документарен, Вардар филм 1987 Х.М.С. ПЕЛАГОНИЈА, текст, документарен, Вардар филм

Филмографија:

1956: Скротена стихија ( Сценарио, )
1959: Претседателот Тито се врати во земјата ( Сценарио, )
1961: Сфинга ( Сценарио, )
1962: Страдни од вода - страдни за вода ( Сценарио, )
1963: Нашата доверба ( Сценарио, )
1965: Охридските трубадури ( Сценарио, )
1965: Рудник „Дамјан“ - Радовиш ( Сценарио, )
1966: Хроника на злетовските рудници ( Сценарио, )
1967: Тито во железарницата „Скопје“ ( Сценарио, )
1968: Писмо од Скопје ( Сценарио, )
1968: Прилепски хидросистем ( Соработник, )
1969: И водите на Вардар ќе бидат скротени... ( Сценарио, )
1970: Време за човекот ( Сценарио, )
1970: Мелиорации ( Сценарио, )
1972: 11 Октомври, фабрика за заварени цевки и профили ( Соработник, )
1977: Концерт мајстор ( Сценарио, )
1981: ХЕ Маврово ( Сценарио, )