< Назад

Зафировски Братислав - Брацо

Биографија: (Скопје, 6.11.1956 - ) Тонски продуцент. На 10 годишна возраст се зачленува во аматерскиот радио клуб YU5CYZ при „Народна техника“ на Македонија. Еден период е тон мајстор на групата „Леб и сол“, а потоа и на „Анастасија“. Во 1983 г. се вработува во МРТ како асистент на снимател на звук во Македонското радио. После дваесетгодишна успешна музичка кариера некаде на почетокот на новиот милениум влегува во „океанот“ на филмскиот звук. Учество во реализација на повеќе кратки и неколку долгометражни играни филмови.

Филмографија:

1997: Часовник ( Тон, )
1998: Маклабас ( Тон, )
2000: Гајда ( Монтажа на тон, )
2000: Кавал ( Монтажа на тон, )
2002: Судијата ( Тон, )
2002: Најденка ( Тон, )
2003: Бубачки ( Тон, )
2003: Како лош сон ( Тон, )
2003: Едно од лицата на смртта ( Тон, )
2005: Турски чај ( Тон, )
2005: Години самотија ( Тон, )
2005: Петнаесет секунди ( Тон, )
2011: Жарче ( Тон, )
2011: Сара, митот ( Тон, )
2013: Намини бар еднаш ( Тон, )
2015: Пепи и Муто ( Тон, )
2017: Види ја ти неа ( Тон, )
2017: Песна за бекташот ( Тон, )
2017: Македонскиот Дон Кихот - Портрет на Владимир Георгиевски ( Тон, )
2018: Камена градина ( Тон, )
2018: Правила на уметноста ( Тон, )
2022: Бигорски - 1000 години Сведок на светлината ( Тон, )