< Назад

Ристески Благоја - Платнар

Биографија: (Прилеп, 05.03.1949 - Прилеп, 20.10.2004) Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје (1975). Особено внимание му посветува на богатството на македонскиот јазик, транспонирајќи го во култивиран драмски дискурс. Тој е еден од ретките автори кој умее драмските текстови да ги пишува во стихувана форма и со специфичен архаичен збор. Обработува теми од македонското милје, македонските митови и од македонската историја и политика. Драмски текстови: 1982 Carcinoma mamae; 1989 Спиро Црне; 1993 Арсениј; 1994 Ибро јаране; 1994 Летни Силјане; 1995 Лепа Ангелина; 1998 Венко. Неговите драми се преведени и изведувани на англиски, чешки, полски, руски, француски, романски, српски, словенечки, турски и на бугарски јазик. Во 2002 година реализира четири документарни филмови кои одговараат на неговиот авторски сензибилитет.


Награди: Награда за најдобар драмски текст на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински - Прилеп, за текстовите Спиро Црне (1989) и Лепа Ангелина (1996).

Филмографија:

2002: Алшар ( Режија, Сценарио, )
2002: Црна но прекрасна ( Режија, Сценарио, )
2002: Горна земја ( Режија, Сценарио, )
2002: Песја пена ( Режија, Сценарио, )