< Назад

Костовски Душко

Биографија: (Дебар, 28.05.1939 - Скопје, 21.01.1995) Театарски, филмски и телевизиски актер.
Душко Костовски се школува во Скопје. За време на студиите членува во Драмската секција при Културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Од 1963 година е член на театарот „Антон Панов“ во Струмица. Во 1970 година доаѓа во Македонскиот народен театар во Скопје. За својот актерски ангажман има добиено повеќе награди меѓу кои се и Наградата на град Скопје „13 Ноември“ во 1985 како и Републичката награда „11 Октомври“ во 1986. На Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1968 г. ја доби истоимената награда за актерско остварување. Во 1986 година на Филмскиот фестивал во Пула ја доби „Златната арена“ за најдобра споредна машка улога.


Награди: 1986 ФЈИФ Пула, Златна арена за најдобра споредна машка улога / „Среќна нова '49“

Филмови: 1987 ВЕЌЕ ВИДЕНО (VEĆ VIĐENO), актер, игран, Арт филм 80, Белград, Smart Eg Pictures Лондон, ЦФС Авала филм Белград, Кроација филм Загреб
1989 СОБИРЕН ЦЕНТАР (SABIRNI CENTAR), актер, игран, ЦФС Авала филм Белград, РО Тера филм Нови Сад, Арт филм 80 Белград, Центар филм Белград, ТВ Белград и Маестро филм Загреб

Филмографија:

1970: Човекот во црно ( Актер, )
1975: Јад ( Споредна улога, )
1980: Време, води ( Главна улога, )
1986: Среќна Нова ‘49 ( Главна улога, )
1987: Хај-фај ( Споредна улога, )
1992: Време, живот ( Главна улога, )
1995: Ангели на отпад ( Споредна улога, )