< Назад

Три македонски филмови на Фестивалот на европски филм во Франција

  • image description12/17/2013 12:23:02 PM
Три филма од современата македонска продукција ќе бидат прикажани на годинешното издание на Фестивалот на европски филм во Арк,  кој се одржува во периодот од 14-21 декември во Франција.

„Јас сум од Титов Велес“ во режија на Теона Стругар Митевска,  „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски и  „Алерик“ во режија на Вук Митевски ќе имаат можност да се придружат на филмови од регионот кои ќе бидат прикажани во рамки на фокусот на балкански филмови.