Книжарница

  • image description27.05.2012 10:07

Добредојдовте во кинотечната книжарница!

Во кинотечната електронска книжарница ви нудиме бројни филмолошки дела кои, се надеваме, ќе го привлечат вашето внимание.

Изданија се групирани во неколку едиции: „Симпозиуми", зборници на трудови од одржани симпозиуми во нашата кинотека (симпозиуми за дел од македонските играни филмови, како и меѓународни симпозиуми на различни теми); „Каталози"; „Филмолошки студии", со повеќе значајни изданија за историјата и теоријата на македонскиот филм; „Историја на светскиот филм"; и „Филмолошки библиографии".

Во нашата електронска книжарница можете да прочитате и повеќе броеви од списанието за историја, теорија и култура на филмот „Кинопис".

Прегледајте ја нашата книжарница и збогатете ја вашата библиотека!