Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 43 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 0
Година: 1950
Содржина: Филмот претставува сестран приказ на развојот на регионот по течението на реката Вардар. Тој ги опфаќа неговиот индустриски развој, развојот на земјоделието, културните придобивки на новото социјалистичко општество, културните и етнолошите особености на жителите, археолошките и историските карактеристики, а последната секвенца е посветена на егзодусот на Македонците од егејскиот дел на Македонија. Реализирани се стории за: изградбата на ХЕ „Маврово“, електрификација на земјата, градење на пругата Тетово-Гостивар, Земјоделскиот техникум во Тетово, првата пионерска пруга, градскиот парк во Скопје, матине во кафеаната „Кермес“, работата на Радио Скопје, Македонскиот народен театар, градот Велес и поетскиот, револуционерниот и животниот пат на поетот Кочо Рацин со посета на неговата родна куќа и неговата мајка, црквата Св. Пантелејмон во Велес, индустријата и земјоделството во велешкиот регион, археолошкото наоѓалиште Стоби, рудникот „Злетово“, земјоделската задруга „Тиквеш“ од Демир Капија, земјоделските задруги од селата Пирава и Миравци, сторија за свадбарските обичаи во Миравци, одгледувањето на свилените буби во „Изворски“ од Богданци, прослава на денот на ослободувањето на Гевгелија и сторија за егзодусот на Македонците од Грција како резултат на Граѓанската војна и на грчкиот шовинизам.
Автори:
Други соработници: текст -- Јово Камберски асистент режисер -- И. Тоневски асистент снимател -- Р. Мишевски диригент -- Б. Цвејиќ музичко водство -- Љиљана Поповиќ - Цоља тон -- Д. Живковиќ текстот го чита -- Раде Марковиќ музиката ја изведува -- Оркестарот на Белградската опера; Хорот на Македонскиот државен ансамбл