< Назад

Фирфов Живко

Биографија: (Велес, 20.11.1906 - Скопје, 21.07.1984) Етномузиколог, композитор, диригент, педагог и автор на филмска музика. Завршува Музичка школа во Белград, а во 1937 година се запишува на штотуку отворената белградска Музичка академија. Работи како диригент на Академското пејачко друштво и како раководител на Оркестарот при Домот на слепите во Земун. Во меѓувреме компонира со Јосип Славенски и Јуриј Арбатски. По ослободувањето се враќа во Скопје и работи како шеф на Отсекот за уметност во Одделението за култура, уметност и културни врски со други народи при АСНОМ, потоа станува шеф на отсекот за народна музика на Радио Скопје, уметнички раководител и еден од основачите на ансамблот „Танец“, шеф на Одделението за народна музика и кореографија при Фолклорниот институт на Македонија, а подоцна и негов директор. Фирфов бил и дописен член на Меѓународното фолклорно друштво на ИФЦМ во Лондон и почесен претседател на секторот за балкански игри при Меѓународното друштво за народни игри во Лондон. По доаѓањето во Скопје, работи и на филмска музика, а негов прв филм во којшто се јавува како автор на музика е документарецот 11 ОКТОМВРИ (1949). За својата богата музичка активност има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и почесен докторат на Географското здружение од Колумбија, САД, во 1955 година.

Филмови: 1955 ГАЛИЧКА СВАДБА, музичка редакција, документарен, Вардар филм

Филмографија:

1949: 11 Октомври ( Музика, )
1950: Недела на националната култура ( Музика, )
1950: По долината на Вардар ( Музика, )
1953: Миравска свадба ( Музика, )
1955: Ритам и звук ( Музика, )
1955: Стара чаршија ( Музика, )
1956: Човеку, не уништувај ме ( Музика, )
1962: Бараме леб ( Музика, )