Производство: ДИГИТРОП
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: документарен
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 28; 34; 26; 29; 25 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2000
Содржина: Серија во пет епизоди за обичаите на Македонците со исламска вероисповед.
Во првата епизода СВАДБА, прикажани се преубави пејсажи од с. Жеровница и свадбарските обичаи на исламизираните Македонци. Свадбата започнува со зурли и тапани и маскембал во кој мажи се маскираат во жени. Прикажани се свадбените обреди: колење на бик, гувеење на невестата, приготвување на свадбарскиот ручек, забричување на младоженецот и многу други.
ЗАНАЕТИ И ПЕЧАЛБАРСТВО е втората епизода во која Феид Мушевски, угостител од с. Брод, ја раскажува својата животна приказна. Тој зборува за народните обичаи во родниот крај, за печалбарството и за занаетите. Тој е слаткар со слаткарница во центарот во Скопје. Нури Абдини од с. Урвич зборува за печење леблебија во својот дуќан, во старата скопска чаршија. За печалбарите од селата Велебрдо, Мелница и Жировница зборуваат жителите на овие села.
Третата епизода ИСТОРИЈА И ЈАЗИК се однесува на најсилната исламизација на Македонските христијани од страна на Турците, која настанала во XVI, XVII и XVIII век. Македонците муслимани го задржале македонскиот јазик како мајчин а ја примиле муслиманската вера. М-р Убавка Гајдова зборува за јазикот на исламизираните Македонци.
Во епизодата насловена ЕТНОЛОГИЈА, м-р Марјана Мирчевска, етноантрополог, зборува за промените во исхраната и облеката кај исламизираните Македонци (ја прифатиле муслиманската народна носија), потоа за зачувувањето на некои христијански празници и народни обичаи, како и на песните, на ората и на музичките инструменти.
Последната епизода ПОБРАТИМИ, се однесува на побратимувањето како народна традиција. Тоа може да биде крвно или преку заедничка доилка. Кај Македонците муслимани застапен е и сунетот и прикажано е обрежувањето кај децата до седумгодишна воздраст.
Автори:
Пост продукција -- Видео студио Петковски