< Назад

Поповски Анте

Биографија: (Лазарополе, 03.06.1931 - Скопје, 01.10.2003) Поет, преведувач, филмски сценарист. Дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје есента 1957 година, а од 1958 работи како лекар во Дебар. Во 1955 година излегува од печат неговата прва збирка поезија „Одблесоци“. Во 1963 година во Дебар се вработува во Редакцијата за култура на МРТВ Скопје. Во 1967 година е избран за потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, а во 1969 станува член на Извршниот совет на Македонија. Во 1970 година е именуван е за директор на НИП „Нова Македонија“, а од 1974 до 1983 година за директор на продуцентската куќа „Вардар филм“ од Скопје. Има објавено повеќе збирки поезија. Пишува и филмски сценарија. За својата работа, добитник е на повеќе награди признанија, меѓу кои: Наградата 11 Октомври, Наградата Браќа Миладиновци на СВП (1964, за збирката „Непокор“ и 1995 за книгата поезија „Провиденија“) и други.

Филмови: 1969 РЕПУБЛИКАТА ВО ПЛАМЕН, соработник на сценарио, игран, Вардар филм

Филмографија:

1968: Планината на гневот ( Сценарио, )
1975: Кој век минува надвор деца ( Сценарио, )
1978: Џафра ( Сценарио, )
1979: Рафаел Алберти ( Сценарио, )
1979: Дае ( Сценарио, )
1979: Ежен Гилвик ( Сценарио, )
1980: Време, води ( Продуцент, )
1981: Црвениот коњ ( Продуцент, )
1982: Мостови - Струшки вечери на поезијата ( Сценарио, )
1982: Вангел Наумовски ( Сценарио, )
1982: Врати на бескрајот ( Сценарио, )
2000: Македонци со исламска вероисповест ( Сценарио, )