Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 12 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1964
Содржина: По катастрофалниот земјотрес во Скопје, најголемиот број деца беа евакуирани од градот. Оние што беа повредени, беа сместувани во болниците ширум земјата, а другите, за да се заштитат од можните епидемии во градот во кој не беше можен нормален живот, се наоѓаа во бројните детски одмаралишта. Без детската смеа и радост, градот уште повеќе ја чувстуваше траумата од големата несреќа. Иако далеку од своите домови и од своите блиски, заштитени од мачните глетки на својот град, децата беа постојано со мислите со нив. Поздравите и писмата лутаа низ градот. Тешко беше да се пронајдат оние на коишто тие им беа упатени. Во сите писма беше истата мисла: да се вратат дома. Многу од овие дечиња останаа без своите родители. Во нивните очи тагата беше постојана. Овој школски распуст на летото 1963 година, се разликуваше од сите дотогашни весели и безгрижни летни денови.
Автори: