< Назад

Солев Димитар

Биографија: (Скопје, 24.05.1930 - Скопје, 24.09.2003) Писател и сценарист. Прво студира на Високата филмска школа во Белград, а потоа на Филозофскиот факултет во Скопје. Со работа започнува во НИП „Нова Македонија“, потоа во списанието „Разгледи“, па во Радио телевизија Скопје. По дваесет и пет години поминати во новинарството, својата кариера ја продолжува во Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“ во Скопје. Пишува раскази, романи, драмски (Радио и ТВ) текстови, филмски сценарија и есеи. На филм дебитира како косценарист на документарецот ПО ВРВИЦИТЕ НА СЛОБОДАТА (1959). Двапати е добитник на Наградата 11 Октомври: за романот „Кратката пролет на Моно Самоников“ (1964) и за книгата раскази „Зима на слободата“ (1968).

Филмови: 1963 ПАРИ ВО БАРИТЕ (PARE U BARAMA), ко-сценарио, документарен, Дунав филм
1964 ЛУЃЕ ПОД СУВАТА ПЛАНИНА (LJUDI POD SUVOM PLANINOM), ко-сценарио, документарен, Загреб филм

Филмографија:

1959: По врвиците на слободата ( Сценарио, )
1962: Граница ( Сценарио, )
1964: Школски распуст ( Сценарио, )
1965: Денови на искушение ( Сценарио, )
1966: Патем ( Сценарио, )
1972: Истрел ( Сценарио, )