Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 10 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1965
Содржина: Животот на весниците започнува со нивното излегување од печат и со доаѓањето во рацете на купувачите - читателите, редовните консументи на политичките, забавните, па се до спортските рубрики. Пензионерите ги читаат весниците со првото утринско кафе, луѓето што брзаат на работа во автобусите. Секој го чита својот весник, а некои, прикрадувајќи се, туѓиот. Весникот е постојан придружник во секој миг, на одмор, во фризерниците, при чувањето и шетањето на малите деца во паркот... Но, тој е и заштита од сонцето по градските улици, на плажите, на фудбалските натпревари. По прочитувањето на весникот, започнува неговата поинаква употребна вредност. Служи за бришење на прозорците, за завиткување на продуктите од пазар, на нив се седи, а некои дури во парче весник завиткуваат и тутун. Старите весници секој ги користи според својата потреба. На крајот, како непотребни и искористени, се фрлаат како отпадоци. Сепак и такви, на некои луѓе, собирачи на стари весници, им донесуваат мала заработувачка. Се приближува крајот на денот, а во печатниците се подготвуваат новите изданија, чија судбина ќе биде идентична на претходните.
Награди: 1966 11 Октомвриска награда за режисерот Александар Ѓурчинов
Автори:
Други соработници:
ликовен аранжер -- Максим Димановски
диригент -- Љубомир Бранѓолица
архивска музика -- Шоу квинтет „Скопје“