Биографија: (Херцег Нови, 19.8.1932 - )
Композитор и автор на филмска музика.
Во 1946 се запишува во Военото музичко училиште во Загреб. Своето средно музичко образование го завршува во Риека.
Од 1950 до 1954 година работи во Уметничкиот ансамбл на ЈНА во Белград. Во Република Македонија доаѓа во 1954 и работи во домовите на ЈНА во Куманово и Скопје. Од 1957 е корепетитор во Балетот при МНТ, а потоа добива статус на слободен уметник до 1966 година, кога се вработува во Македонската радио телевизија како продуцент музички работник и уредник на Музичката програма на Македонската телевизија. Во меѓувреме дејствува како пијанист и како балетски критичар.
Како автор на филмска музика, дебитира во 1964 година, со музиката за документарниот филм „Кеј 13 Ноември“, по што следува негово учество и во други документарни и играни филмови.
Филмографија:
1964:
Кеј 13 Ноември
(
Музика,
)
1965:
Селидби
(
Музика,
)
1965:
Григор Прличев
(
Музика,
)
1965:
Весници, весници
(
Музика,
)
1966:
Венчавка на една фотографија
(
Музика,
)
1967:
Патека
(
Музика,
)
1967:
Лифт горе, лифт долу
(
Музика,
)
1968:
По пат одам, за пат прашам
(
Музика,
)