< Назад

Зад темнината

Производство: АРБ Филм - Тетово

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: психолошки

Род: Краток игран филм

Времетраење: 30 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2007

Содржина: Во оваа психолошка драма станува збор за внатрешен страв на еден студент кој живее сам во голема куќа, додека неговите родители работат во странство. Нормалниот ритам на неговиот живот е нарушен. Тој не може да спие ноќе, поради стравот од непрепознатливи звуци во неговата куќа. Неговиот соученик најнапред се обидува да го смири, но потоа ја сфаќа сериозно неговата состојба како страв од темнина, што ја прави водечката улога поопседната од она што го крие темнината. За да не биде заложник на потсвеста решава да се ослободи од непријателот. Проблемот на главниот јунак на овој филм не е во присуство на некој во неговата куќа каде што живее сам, туку во отсуство на сите.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Награди: 2008, Филм Фестивал, Приштина, Косово, Награда за најдобра монтажа

Автори:

Режија: Тачи Арбен
Продуцент: Селмани Сабедин
Директор на фотографија: Самоиловски Владимир
Костимографија: Кики Афердита
Монтажа: Весели Фадил
Сценарио: Тачи Арбен
Сценографија: Халими Нора
Асистент на режија: Весели Фадил
Асистент снимател: Кардалевски Дуле
Асистент на монтажа: Тачи Арбен

Други соработници : извршен продуцент -- Мирсад Исеини менаџер на сет -- Метин Муареми ас. на постпродукција -- Мирсад Исеини постпродукциски супервизор -- Сабедин Селмани реквизитер -- Шпетим Ахмети шминка -- Авди Била филмски фотограф -- Флорим Цека фар-мајстор -- Маријан Спасовски ас. на фар-мајстор -- Трајче Василев оператор на доли/кран -- Ненад Пејиќ и Златко Димевски сториборд -- Бурим Муареми

Деца: Шкелким Јахиу, Насир Реџепи, Јатмир Алији, Дрилон Абдулхалими

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Република Македонија

Фотографии: