< Назад

Љумани Фатос

Биографија: (Струга, 07.10.1983 - ) Композитор. Средното музичко образование го стекнал во Тетово. Потоа неговото образование продолжува на Академијата за уметности во Тирана, на Факултетот за музичка уметност, на одделот за композиција. Во 2007 година магистрира на Академијата во Тирана, на одделот по музикологија. Во 2009 година станува професор на Факултетот за музичка уметност при Државниот универзитет во Тетово, предавајќи хармонска анализа и музички форми. Невообичаено, барем кога станува збор за сосема млад композитор, речиси половина од неговите дела се напишани за оркестар (симфониски или камерен). Една од омилените творечки постапки на Љумани е и своевидниот „микс“ на различни техники. Неговите дела се изведени на голем број фестивали во земјава и во странство, од наши и од странски ансамбли и музички уметници. Добитник е на неколку меѓународни награди. Пишува и музика за филм и за театар.

Филмографија:

2007: Зад темнината ( Музика, )
2011: Шарски зраци ( Музика, )
2014: Опера ( Музика, Асистент на режија, )
2017: Последниот преродбеник ( Музика, )