Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 15 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 35
Година: 1975
Содржина: „За жителите на охридски Дримкол зимата е најсаканото годишно време.
Тогаш печалбарите се враќаат дома од разни страни на светот, се враќаат во своите домови и со векови тие видувања со своите, ги прославуваат секој 13 и 14 јануари на нив својствен начин.“
Според вековниот обичај луѓето што потекнуваат од овие краеви, а се раселени поради економска присила, се враќаат во старите огништа за да го просават празникот на еден малку невообичаен, но сепак атрактивен начин, кој своите корени ги носи од дамнина. Луѓето кои се облечени карневалски, со денес веќе модифицирани маски, не ги заобиколуваат ни шталите на домашните животни. Тие се движат низ улиците, играат и се веселат давајќи му необичен колорит на белиот од снег Дримкол.
Автори:
Други соработници:
тон -- Светислав Ристиќ
асистент тон снимател -- Хазир Шеќировиќ
светло -- Трајче Саздов