< Назад

Попов Стојан - Столе

Биографија: (Скопје, 20.8.1950 - ) Филмски режисер.
Во 1973 година дипломира режија на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на професорот Радош Новаковиќ. Во текот на студирањето има снимено 10 краткометражни студентски филмови. Во периодот од 1974 до 1978 година, има статус на слободен филмски работник. Од 1978 до 1988 година работи како режисер во „Вардар филм“, а од 1985 до 1986 година ја врши должноста на директор на истото претпријатие. Од 1989 година работи како професор по филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТРИАНГЛ. Од 1999 година е член на Европската филмска академија. Кариерата ја започнува со документарниот филм ОГАН за којшто ја освојува првата награда на Фестивалот на документарен и краткометражен филм во Белград (1974). Филмовите АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА (1976) и ДАЕ (1979) се документарци за коишто, исто така, е награден на веќе споменатиот Белградски фестивал, а за ДАЕ и на фестивалите во Оберхаузен, Мелбурн и други, како и со номинирањето за Оскар. Од 1981 година Попов го прифаќа предизвикот на играниот филм, каде се докажува како зрел автор. Неговите четири долгометражни остварувања постигнуваат врвни успеси на голем број меѓународни фестивали во светот.


Награди:
1973 ФЈДКФ, Белград, Специјална диплома / „99“
1973 Награда од Белградскиот универзитет / „99“
1974 ФЈДКФ, Белград, Златен медал-Белград за режија / „Оган“
1974 Телевизија Белград, Награда за најдобар филм на годината / „Оган“
1974 ФФ, Тузла, Гран при „Хусински рудар“ за режија / „Оган“
1974 ФФ, Тузла, Награда на публиката за режија / „Оган“
1974 Награда „Седум секретари на СКОЈ“ / “Оган“
1974 Југословенски кандидат за ОСКАР / „Оган“
1975 ФЈДКФ, Белград, Сребрен медал Белград за режија / „Алкалоид“
1976 ФЈДКФ, Белград, Гран при / „Австралија, Австралија“
1976 ФЈДКФ, Белград, Голем златен медал Белград, за режија / „Австралија, Австралија“
1976 ФФ, Тузла, Награда од публиката / „Австралија, Австралија“
1976 Годишна награда на списанието “Млад борец“ / „Австралија, Австралија“
1976 Југословенски кандидат за ОСКАР / „Австралија, Австралија“
1979 ФЈДКФ, Белград, Златен медал Белград за режија / „Дае“
1979 МФФ, Оберхаузен, Гран при / „Дае“
1979 МФФ, Мелбурн, Специјална награда на жирито „Сребрен бумеранг“ / „Дае“
1979 МФФ, Лајпциг, Специјална награда на жирито / „Дае“
1980 МФФ, Лондон, Специјална награда на жирито / „Дае“
1980 Балкански филмски фестивал, Љубљана, Гран при / „Дае“
1980 Номинација за ОСКАР / „Дае“
1980 МФФ, Отава, „Дае“ вброен меѓу трите најдобри филма на светот
1980 МФФ, Лос Анѓелес, Признание на Американската филмска академија за „Дае“, меѓу петте најдобри документарни филмови на светот
1981 Награда 11 ОКТОМВРИ / „Црвениот коњ“
1982 ФЕСТ, Белград, Диплома ФЕСТ 82 / „Црвениот коњ“
1982 МФФ, Лос Анѓелес, Диплома ФИЛМЕКС / „Црвениот коњ“
1982 МФФ, Сан Франциско, Диплома / „Црвениот коњ“
1986 ФЈИФ, Пула, Гран при Голема златна арена за најдобар филм / „Среќна нова '49“
1986 ФЈИФ Пула, Награда Милтон Манаки од Југословенската критика / „Среќна нова '49“
1986 Награда Златен гладијатор од Југословенската филмска академија / „Среќна нова '49“
1986 СИЗ на културата на СР Македонија, “Повелба на културата“ / „Среќна нова '49“
1986 МФФ, Ерусалим, Специјална диплома / „Среќна нова '49“
1986 МФФ, Минхен, Специјална диплома / „Среќна нова '49“
1986 Југословенски кандидат за ОСКАР / „Среќна нова '49“
1987 Награда 13 НОЕМВРИ / „Среќна нова '49“
1987 Фестивал на ЈРТ-Белград, Прва награда за најдобар музички спот / „Скопје“ - Леб и Сол
1991 МФФ, Порто Алегре - Бразил, Гран-при / „Среќна нова '49“
1991 МФФ, Херцег Нови, Гран-при „Златна Мимоза“ / „Тетовирање“
1991 Македонски кандидат за ОСКАР / „Тетовирање“
1992 Европска филмска академија, Номинација за наградата Феликс / „Тетовирање“
1997 МФФ, Монпелие, Гран-при-Антигон Д'Ор / „Џипси Меџик“
1998 Македонски кандидат за ОСКАР / „Џипси меџик“
1998 МФФ, Измир, Специјална награда на жирито /„Џипси Меџик“
1998 Најдобар македонски музички видео спот, Скопје / „Џипси Сонг“
1998 Во официјална селекција за Феликс на Европската филмска академија / „Џипси Меџик“

Филмови:
1973 ДИК ТРЕСКА, сценарио, режија, документарен, Филмске новости Белград
1974 АЛКАЛОИД, сценарио, режија, документарен, Филмске новости Белград
1974 РАЦИН, текст, документарен, Вардар филм
1993 СВЕТЛО СИВО / ПТИЦАТА УРУБУ И ДЕВИЦА, ментор, игран, ТФРЗ Пегаз Скопје, ФДУ Скопје, Вардар филм
1993 СВЕТЛО СИВО / ЃАВОЛ ВО СРЦЕТО, ментор, игран, ТФРЗ Пегаз Скопје, ФДУ Скопје, Вардар филм
1993 СВЕТЛО СИВО / ПРЕКРАСЕН СВЕТ, ментор, игран, ТФРЗ Пегаз Скопје, ФДУ Скопје, Вардар филм

Филмографија:

1970: Свадба на Шарпланинецот ( Избор на музика, )
1973: 99 ( Режија, Сценарио, )
1974: Оган ( Режија, Сценарио, Избор на музика, )
1975: Кочо Солев Рацин ( Асистент на режија, )
1975: Видувања ( Сценарио, )
1976: Австралија, Австралија ( Режија, )
1977: Пресуда ( Помошник на режија, )
1977: Градежно претпријатие „Маврово“ ( Режија, Сценарио, )
1979: Добро ни дојде ( Режија, )
1979: Дае ( Режија, Избор на музика, )
1981: Црвениот коњ ( Режија, )
1984: ХЕК Југохром - Попова Шапка ( Режија, Сценарио, )
1986: Среќна Нова ‘49 ( Режија, )
1991: Тетовирање ( Режија, )
1997: Џипси меџик ( Режија, Продуцент, )

Награди: