Производство: Видео студио Петковски
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: историски
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 57 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2003
Содржина: Телевизиската емисија за автономноста на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија. Со помош на стари фотографии, снимки и интервјуа, опфатен е период од 1567 до 1945 година. Се зборува за книжевната дејност по манастирите, печатење на првиот „Часослов“ на македонски народен говор, распостранетоста на монаштвото. За укинување на Охридската архиепископија од страна на Цариградската патријаршија 1767 год. Отварање на ќелијни училишта, како предвесници на македонските преродбениците од 19 век. Борбата што ја започнал Теодосиј Гологанов за обнова на Македонската архиепископија. Емисијата завршува со снимки од одржување на Првиот црковно – народен собор и обраќање на г.г. Михаил. Гости кои зборуваат за патот до автокефалност на МПЦ: архимандрит Пимен, ректор Борис Бошковски, монахиња Ивона, протоереј ставрофор Ѓорѓи Николовски, отец Стефан Санџаковски и други.
Автори:
Други соработници :
сценарио: Љупчо Б. Бошковски
текстот го читаше: Ѓакон Михајло
светло: Тони Бабински
камера: Владо Кузмановски и Симе Карамешиновски