Биографија: (Скопје, 26.12.1952 - ) Филмски и ТВ монтажер. Дипломирал на Факултетот за Драмски Уметности во Белград на отсекот за Филмска и ТВ монтажа во 1991 година. Работел како филмски и тонски монтажер во Телевизија Скопје, денешна Македонска Телевизија и во „Вардар филм“. Во 2011 година магистрирал на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за Македонска литература, на тема „Македонските обичаи во периодот на некрстените денови“. Како продуцент во сопственото студио „ВС Петковски“, основано во 2000 година, работел на повеќе проекти.
Филмографија:
1998:
In Continuo
(
Монтажа,
)
2003:
Автокефалноста на Македонската Православна Црква
(
Режија,
Продуцент,
Монтажа,
)
2015:
Мишо Нетков - 40 години документарно творештво
(
Монтажа,
)
2019:
Писмото ми го донесе шампионот
(
Продуцент,
)
2022:
Фениксот од Кавадарци
(
Продуцент,
Монтажа,
)
2024:
Црвени рози
(
Монтажа,
)