< Назад

Игла

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Жанр: биографски

Род: Документарен филм

Времетраење: 67 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2023

Содржина: Филм за светски познатиот моден дизајнер, Изет Цури. Роден е во Скопје, како единствено машко дете во семејството. Како мал останува без татко. Мајка му на 13 години го дава да го изучува кројачкиот занает кај познати кројачи. Својот талент и чувство за мода ги надоградува кај познатиот мајстор Благоја Ангелковски. Скопје почнува да му се чини мало и во 1972 година, со малку пари и голема надеж, заминува за Париз. Талентот и мајсторството на Изет Цури го забележуваат од познатата модна куќа Хермес и тој таму почнува да работи. Работи заедно и со тунискиот моден дизајнер, Азедин Алаја. Низ годините поминати во Париз, успешно се пробива во светот на модата. Неговите рачно изработени модни парчиња се познати надалеку и ги носат познати светски имиња како: Кристофер Ламберт, Жерар Депардје, Изабела Аџани. Ричард Бери и многу други. По педесет години се враќа во својот роден град и отвара училиште за моден дизајн. Подоцна работата ја проширува и во Косово. Претпознатлив е неговиот стил на рачна изработка, како и капата инспирирана од албанската народна носија, која станува негов заштитен знак.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:


Втора камера -- Арбен Тачи
Постпродукција -- Костадин Анастасов

Фотографии: