< Назад

Чочоли-Сали Мерита

Биографија: (Корча, Албанија, 22.11.1959 - ) Актерка, сценарист и режисер. Дипломирала во 1982 година на Универзитетот во Тирана, на Институтот за уметност, група драматургија. Од 1996 година работи во Македонската телевизија, програма на албански јазик, како новинар, сценарист и режисер, при што има реализирано околу 700 емисии од серијалот со наслов EVENT. Автор е (сценарио и режија) на 25 документарни филмови и репортажи. Настапувала и во играни филмови.

Филмови: 1978 НЕВЕСТА, актер, режија: Петрит Ланај
1985 НИШТО НЕ СЕ ЗАБОРАВА, актер, режија: Есат Ибро
1987 ДОЈДИ, актер, режија: Пиро Милкани
1987 ШИНИ, актер, режија: Муарем Фејзо
1987 ПРОЛЕТТА НЕ ДОЦНИ, актер, режија: Петрит Ланај
1990 ЖИВОТОТ ВО РАЦЕТЕ НА ДРУГИОТ, актер, режија: Алберт Џоли

Филмографија:

2011: Херојот на урнатините ( Режија, Сценарио, )
2014: Елина ( Режија, Сценарио, )
2020: Незо ( Режија, Сценарио, )
2023: Игла ( Режија, Сценарио, )
2024: Бегство ( Актер, )