< Назад

Бардо

Производство: Авеа филм - Скопје, Квазар филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Род: Краток игран филм

Времетраење: 14 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Да

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 2012

Содржина: „Бардо“ е симболична приказна за транзицијата и промените што ги носи животот. Самото значење на зборот „бардо“, состојба „помеѓу“, меѓу живот и смрт, детство и зрелост, тага и радост, претставува слика за патувањето низ искуството на постоењето.
Во центарот на приказната е едно мало девојче, кое преку невообичаен пријател, балон шти ја потсетува на нејзиниот татко, за првпат се соочува со сложениот свет на возрасните. На погребот на својот татко, таа поминува низ искуство кое ја води низ чуваството на загуба, но и на внатрешен раст. Преку богатата симболика, приказната ја спојува детската преспектива со духовните и емотивните димензии на животот и смртта.
Длабочината на „Бардо“ се огледува во неговата способност да прикаже како животот продолжува, дури и кога сме соочени со најдлабоката болка. Оваа приказна создава мост меѓу емоциите и преодите што се универзално присутни во човечкото искуство.

Напишано од Лидија Христова

Награди: 2012, Најдобар краткометражен филм, International Film Festival “Dream Fest Cinema”, Слатина, Романија
2012, Најдобар краткометражен филм во програма Глобална фикција; „Ацо Алексов“ награда за најдобар млад автор, Asterfest International Short Film Festival, Струмица
2012, Најдобар краткометражен филм, Tuzla Film Festival, Босна и Херцеговина
2012, Мала Златна Камера 300 – специјална награда за кинематографер, International Cinematographers’ Film Festival “Manaki Brothers”, Битола
2012, Награда ‘Cinecourts’ Cinemed, Montpellier Mediterranean Film Festival, Франција, 

Автори:


Продуценти: Един Јакубовик, Петар Шимлеша
Кастинг: Билјана Драгичевиќ-Пројковска
Шминка: Горан Игњатовски

Фотографии: