Биографија: (Скопје, 11.07.1934 - Скопје, 07.12.2018) Театарска, филмска и телевизиска актерка. Во ансамблот на Драмата при Македонскиот народен театар Љупка Џундева се вработува во 1951 година. Припаѓа на генерацијата актери кои ја завршија Државната театарска школа во Скопје. Во овој театар работи до пензионирањето во 1990 година. Добитник е на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, потоа на Наградата за артистичко остварување доделена од Југословенската радио-телевизија, Орден на трудот со златен венец и Орден на трудот со сребрен венец.
Филмографија:
1961:
Мирно лето
(
Главна улога,
)
1967:
Македонска крвава свадба
(
Споредна улога,
)
1980:
Оловна бригада
(
Споредна улога,
)
1992:
Време, живот
(
Главна улога,
)
1997:
Џипси меџик
(
Споредна улога,
)
2012:
Бардо
(
Споредна улога,
)
2016:
Златна петорка
(
Главна улога,
)