Производство: Кавал Филм
Земја на потекло: Република Северна Македонија
Жанр: Драма
Род: Краток игран филм
Времетраење: 18.27 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2022
Содржина: Петра е млада успешна деловна девојка која работи и живее во Скопје. Потекнува од мало провинциско гратче, но сосема се има вклопено во животот во метрополата и се реализирала на професионален план. На предновогодишната забава организирана од фирмата каде работи Петра ѝ се јавува мајка и. Во исто време ѝ се додворува Игор, колега од работа. Петра завршува со Игор кај неа дома. Тој останува да преспие кај неа.
Проблемот настанува утрото, кога треба да пристигне мајка и. Петра оди на железничка станица да ја пречека мајка си и ја сместува во хотел, за да не се видат со Игор, кој е во нејзиниот стан. Ова совпаѓање на настаните го става на тест односот помеѓу мајката и ќерката.
Петра се срами зошто мајка и е од провинција, зборува на дијалект и не е облечена модерно. Но, сепак ја кани мајка си да остане кај неа дома и заедно да ги поминат празниците.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Копродуценти: Дејан Крајчевски, Павлина Проевска