Биографија: (Скопје, 1966 - )
Роберт Јазаџиски е филмски работник и продуцент. Студирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје и дипломирал на отсекот географија. Работи како продуцент во филмската продукција "Кавал филм" чиј основач е. Член е на Друштвото на филмски работници. Во својата повеќегодишна филмска кариера работел на голем број филмски проекти, тв спотови и музички видеа ангажиран на различни работни позиции.
Филмови: 2006 Филм, продуцент
2003 Бал Кан Кан, главен организатор
2003 Едно од лицата на смртта, главен организатор
2003 Како лош сон, менаџер на локација
2002/03 Наше Маало, ТВ серија, продуцент
2001 Вкусот на Македонија, продуцент
2001 Прашина, менаџер на локација
2001 Одмазда, асс. на продукција
2001 Вкусот на Македонија, краток филм, продуцент
1999-2002 Наше Маало, ТВ серија, менаџер на локација
1997 Gypsy Magic, асс. на продукција
1997 Преку езерото, сет дресер
1996 Миротворец, асс. на продукција
1996 Zwei Im Berg, сет дресер
1996 Сараево, координатор во сценографија
1995 Ангели на отпад, асс. на продукција
1994 Пред дождот, координатор во сценографија
Филмографија:
2000:
Хофманова 13
(
Организатор на снимање,
)
2004:
Просечна брзина
(
Продуцент,
)
2004:
Големата вода
(
Продуцент,
)