< Назад

Чарли Паркер - љубов моја

Производство: „Вардар филм“ - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: Експериментален

Род: Краток игран филм

Времетраење: 26 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1994

Содржина: Еден млад човек во типичен македонски пејсаж, осамен свири на саксофон. Тој ги свири само композициите на прочуениот саксофонист Чарли Паркер. Потоа човекот со мопедот го напушта пејсажот и заминува. Следниот амбиент во кој се сретнуваме со него е ентериер на една црква, а човекот е облечен во мантија-тој е свештеник и обавува крштевка на едно дете. За тоа време неговиот саксофон лежи на подот на неговата скромна ќелија заедно со расфрлените ноти окулу него... И повторно сме во сличен карпест пејсаж, и повторно младиот човек е облечен во граѓански алишта, измамува од својот инструмент прекрасни тонови кои се слеваат со околната убавина... Потоа човекот се враќа во црквата и истите ноти од саксофонот ги изведува пред олтарот. Но, тоа е воедно и неговото проштевање од тој амбиент. Веќе во следната ситуација го наоѓаме на бродот на Охридското езеро каде повторно свири на саксофон... Една човечка и морална дилема така изгледа дека е решена. Младиот човек ја симнал свештеничката одежда и сега превезува туристи и патници преку езерото, а слободните мигови ги посветува на саксофонот изведувајќи ги композициите на Чарли Паркер.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Автори:

Продуцент: Тозија Горјан
Директор на фотографија: Таневски Драги
Главна улога: Ристоски Кирил
Монтажа на тон: Паковски Глигор