< Назад

Ристоски Кирил

Биографија: (Прилеп, 14.11.1948 - Скопје, 30.06.2011) Македонски театарски, ТВ и филмски актер и универзитетски професор. Дипломирал на отсекот за драмски глумеци на Вишата музичка школа во Скопје. По дипломирањето, една година работел во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а во 1978 година се вработил во Драмата на Македонски народен театар. Во 1982 година ја започнал својата педагошка дејност како асистент по предметот глумечка игра на Факултетот за драмски уметности. Во 1988 година станал доцент и преминал од МНТ на ФДУ во редовен работен однос.

Филмографија:

1977: Пресуда ( Споредна улога, )
1981: Црвениот коњ ( Споредна улога, )
1985: Јазол ( Главна улога, )
1991: Тетовирање ( Споредна улога, )
1994: Пред дождот ( Главна улога, )
1994: Чарли Паркер - љубов моја ( Главна улога, )
1997: Преку езерото ( Споредна улога, )
2006: Тајната книга ( Споредна улога, )