Производство: „Вардар филм“ - Скопје
Жанр: историски
Род: Документарен филм
Времетраење: 100 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 35
Година: 1998
Содржина: Филмот е посветен на 50-годишнината од егзодусот на децата од егејскиот дел на Македонија, 1948-1998. Со користење на историски факти и архивски филмски материјал, овој филм ја кажува вистината за геноцидот врз македонскиот народ од овој дел на Македонија. Во пролетта 1948 година, бегајќи, гладни и жедни, изложени на дожд, ветер и долги пешачења, над 28.000 македонски деца водени од неколку мајки бегалки, изнемоштени бараа спас во вардарскиот дел на Македонија и поранешна Југославија. Во филмот се прикажани и сеќавањата на преживеаните некогашни деца бегалци снимени во текот на нивната прва средба во Скопје во 1988 година.
Автори:
Сценарио -- Кузман Георгиевски