Биографија: (Буниќ, Хрватска, 27.07.1946 - ) Хрватски филмски, телевизиски и театарски актер. Дипломирал 1969 на Академиа за театар, филм и телевизија во Загреб. Набргу потоа е ангажиран во театарот „Гавела“. Потоа наизменично работи како слободен уметник, со ангажман во Хрватскиот народен театар и во „Гавела“. На филм дебитираше со споредна улога во „Илузија“ (1967), на режисерот Крсто Папиќ. Добитник е на многу признанија (трипати е награден на „Стериино позорје“, потоа наградите „Владимир Назор“, „Дубравко Дујшин“, и „Орландо“ на Дубровнички летни игри).
Во 1992 година заминува од бившите Југословенски простори и како актер се пробива во светски рамки. Настапувал во голем број холивудски филмски остварувања, а соработувал, меѓу другите и со Ванеса Редгрејв, Филип Нојс, Том Круз, Стенли Кјубрик и Клинт Иствуд.
Награди: 1994 Интернационален филмски фестивал во Венеција, Италија, Награда од синдикатот „Франческо Пасинати“ за најдобар актер / „Пред дождот“
Филмографија:
1994:
Пред дождот
(
Главна улога,
)
2013:
Балканот не е мртов
(
Главна улога,
)
2013:
Трето полувреме
(
Главна улога,
)