Производство: Кино око - Скопје, A Atalanta, Fx3x, Barandov Sound
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: историска пародија
Род: Игран филм
Времетраење: 105 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2013
Содржина: „Балканот не е мртов“ е студиски филм, реализиран во пост-модернистички манир, кој со многу пародија, преку матрицата на театарска претстава, ја раскажува приказната за крајот на владеењето на Отоманскиот султанат на Балканот. Тенденциозниот студиски пристап во реализацијата на филмот, неговата нереална сценографија и специфичното осветлување, театарските кулиси и сценографски решенија што ги заменуваат реалните филмски простори, како и интересните пародизирани љубовни сториии, адекватно се надоврзуваат на мимиката, гестовите и гласовните ефекти што ја обележуваат актерската игра. Приказната, која се гради врз фонот на историските настани предизвикани од Младотурската револуција, е инспирирана од текстот на македонската народна песна „Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо“ и се плете околу главнот лик, ликот на Осман-бег, турски феудален владетел со афинитет за уметност, кој го убива војводата Дамјан и се вљубува во неговата вереница Анѓа, која ја грабнува, но не сака да ја земе на сила. Анѓа, по упорното одбивање да попушти пред Осман-бег, на крајот на филмот, за да го спаси бегот од судење, прифаќа да се омажи за него, со тоа што во оваа, пародизирана варијанта на песната, Анѓа не се „потурчива“, туку неа и Осман ги венчава православен свештеник. Во другата, паралелна љубовна приказна, инспирирана од предание, сестрата на Анѓа – Елени Каринте, е несреќно вљубена во воениот питомец Мустафа Кемал, кој подоцна, под прекарот Ататурк, ќе ја реформира Турција. Таа го чека во текот на целата филмска приказна, а на самиот крај на филмската нарација кога Кемал пристигнува, изјавувајќи ù љубов, ù порачува дека тој ќе ù се посвети на револуцијата. Во филмот се зборува на македонски, а во неколку реплики и на француски, турски и германски јазик.
Напишано од д-р Атанас Чупоски
Автори:
Главни улоги : Драгана Костадиновска, Наташа Тапушковиќ
Со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, Македонски филмски фонд.