< Назад

Спасовски Стево

Биографија: (Скопје, 25.11.1940 - Скопје, 30.03.2008) Роден Стеван Спасов, театарски, филмски и телевизиски актер. Со професионална актерска дејност Стево Спасовски се занимава од 1960 година, прво во Македонскиот народен театар, а потоа од 1964 година во Драмскиот театар во Скопје. Добитник е на највисокото републичко признание „11 Октомври“, а на традиционалната анкета на ревијата „Екран“ во 1983 и 1988 година е прогласен за најдобар актер. Добитник е на Наградата за најдобро актерско остварување (1988) и за животно дело (2001), на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Филмографија:

1961: Солунските атентатори ( Главна улога, )
1969: Републиката во пламен ( Главна улога, )
1991: Тетовирање ( Споредна улога, )
1993: Светло сиво / Ѓавол во срцето ( Главна улога, )
1993: Светло сиво / Птицата Урубу и девица ( Главна улога, )
1997: Преку езерото ( Споредна улога, )