Производство: Вардар филм - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: историски
Род: Игран филм
Времетраење: 105 минути
Тип: Филмска лента
Техника: вајдскрин
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 35
Година: 1969
Содржина: На 2 август 1903 година, на светиот ден Илинден, во Македонија се крена востание. Тоа беше одговор на повеќевековното ропство и теророт на кој беше изложен македонскиот народ. Илинденското востание кулминираше во создавањето на Крушевската република која опстојуваше десет дена и беше единствена република на Балканот во тоа време. За да се објаснат целта и намерите на востанието, Никола Карев, претседател на Крушевската република го пишува Манифестот на Крушевската република, кој според прогресивноста на идеите изнесени во него е далеку пред времето на настанувањето. Веднаш по започнувањето на востанието кое претендираше да се прошири низ поголемиот дел од Македонија, стана јасно дека тоа е кренато без целосни подготовки... Бројна турска војска го напаѓа Крушево. Востаниците го напуштаат градот. Останува само четата на Питу Гули. Тој е решен да даде пример како се сака својот народ и како се гине за неговата слобода. Нивната херојска смрт на Мечкин Камен ја заслужи и почитта на непријателот.
„Иако краткотрајна, по своите идеи Крушевската република беше величествена. Македонија го имаше својот прв Илинден, проследен со крвави години на тешки страдања. Македонија ќе го има и својот втор Илинден, при идната епоха на блиски победи и ослободувања. Овој втор Илинден е близок, тој доаѓа...“ - во „Илинденец“, Димо Хаџи Димов.
Награди: 1969 ФФ, Ниш, Специјална диплома за актерското остварување на Драгомир Фелба
Автори:
Други улоги:
Живко Јовановски
Таше Кочовски
Александар Думов
Анастас Миса
Методија Зенделски
Петар Стојановски
Димитар Илиевски
Ристо Мајсторов
Други соработници:
идеја -- Ѓорѓи Абаџиев
консултант -- Димитар Митрев
соработници на сценариото -- Анте Поповски; Богомил Ѓузел; Владо Поповски
маскер -- Иван Лалиќ
асистенти сниматели -- Миле Ивановски; Ристо Буклевски
секретар режисер -- Лидија Дебарлиева
шминкер -- Марија Миленковиќ
асистенти костимографи -- С. Наумовски
гардеробер -- Иван Иванов
реквизитери -- Ангеле Ќамиловски; Трајко Стојановиќ
пиротехника -- Л. Живковиќ
каскадери -- М. Митиќ; Б. Новаковиќ
водач на снимање -- Ристо Теофиловски
лектор -- Владо Поповски
музиката ја изведува -- Македонската филхармонија; Словенечката филхармонија
диригент -- Тома Прошев
Постер:

Фотографии: