Биографија: (Кавадарци, 25.12.1943) Македонски пејач, композитор и поет. Дипломирал на Факултететот за драмски уметности во Белград, во 1967 година. Речиси целиот животен век го поминал во Белград, во брак со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ - Хаџиманов. Зафир Хаџиманов е носител на повеќе награди и признанија на фестивали за поезија и музика, меѓу кои на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година и на Интернационалниот фестивал на шансони во Загреб, во 2003 година. Настапувал и во неколку филмови.
Филмографија:
1967:
Македонска крвава свадба
(
Главна улога,
)
1969:
Време без војна
(
Споредна улога,
)
1993:
Македонска сага
(
Споредна улога,
)