< Назад

Време без војна

Производство: ФРЗ - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: слободна тема

Род: Игран филм

Времетраење: 80 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1969

Содржина: Фидан е млад човек кој живее и работи во градот. Неговиот татко Дичо, селанец и борец во војната и во револуцијата, по војната ја застапува идејата за колективизација и индустријализација на селото. Искрено верувајќи и работејќи на тоа, Дичо се судрува со повеќето од селаните, но најжестоко се конфронтира со својот добар пријател, соборец и побратим Лазар. По пропаѓањето на задругарството, Дичо заминува од селото. По неговата смрт Фидан, исполнувајќи ја татковата желба, го погребува во родното село. Престојувајќи таму, Фидан се обидува да се пронајде себеси во новата средина, во новиот ангажман со сточарството, кој за него значи голем предизвик, како и во контактите со нови лица. Тука доживува и нова љубов со девојката Благуна, ќерка на Лазар, која наскоро станува негова жена. Иако изложен на недовербата на соселаните, Фидан со сиот елан се занимава со одгледувањето на овците. Но, законите на пазарот се немилосрдни и во тие услови не е можна реализација на неговата замисла. Враќањето на Фидан на татковото огниште не му го донесува бараниот мир ниту, пак, нова содржина во животот.

Награди: 1969 ФЈИФ, Пула, Специјална диплома за режија на Бранко Гапо 1969 ФФ, Ниш, Награда за млад артист за Неда Арнериќ 1969 13 Ноемвриска награда за Бранко Гапо за режија на филмот „Време без војна“ 1972 МФФ, Авелино, Сребрен медал „Тарга д'Аргенто“

Автори:


Други улоги:

Мирко Стефановски
М.Гроздев

Други соработници:

соработник режисер -- Мики Стаменковиќ
консултант -- Света Лукиќ
шминкер -- Ванда Петровиќ
сликар изведувач -- Петар Георгиевски
водачи на снимање -- Жика Ѓорѓевиќ; Душко Ерцеговиќ; Звонко Баковиќ
асистент монтажер -- И. Вукасовиќ
асистенти сниматели -- Ј. Петровски; Васе Василевски
фотограф -- Спасе Касапинов
гардеробер -- Г. Иванов
реквизитер -- П. Атанасовски
светло -- Л. Видиќ

Постер:

Фотографии: