Биографија: (Битола, 19.1.1925 - Скопје, 02.06.1984) Композитор и автор на филмска музика.
Се запишува на Музичката академија во Загреб, а во 1959 година дипломира во Сараево, во класата на Иво Бранковиќ. Композиција магистрира во Љубљана. Во 1970 година шест месеци престојува во Варшава како стипендист на Полската влада, а во 1974 година се усовршува на Меѓународниот курс за современа музика во Дармштат. Автор е на првата македонска опера „Гоце“, чија премиера била во 1954 година.
Како автор на филмска музика, првпат се појавува во 1961 година со документарецот „Човек без лице“, по којшто следува негово учество и во други документарни, кратки играни и играни филмови. Пишувал музика и за радиодрами и за театрски пиеси.
Освен со композиторска, се занимава и со педагошка дејност работејќи како професор во Битола и во Скопје, каде ги предавал предметите хармонија и интонација. Паралелно со компонирањето, се занимава и со проблемите од областа на музичката психологија, особено со музикотерапијата, постигнувајќи резултати што му носат значајни меѓународни признанија.
Филмови: 1961 ЧОВЕК БЕЗ ЛИЦЕ (ČOVJEK BEY LICA), музика, документарен, Сутјеска филм 1963 БЕШЕ НЕКОГАШ СЕЛО (BILO NEKAD SELO), музика, документарен, Сутјеска филм 1963 ВИТЕЗОТ БОЦКО (VITEZ BODLJAN), музика, документарен, Сутјеска филм
Филмографија:
1961:
Детето од колоната
(
Музика,
)
1961:
Птици и риби
(
Музика,
)
1961:
Твојот роденден
(
Музика,
)
1963:
Девојките од Мали
(
Музика,
)
1963:
Василие Поповиќ - Цицо
(
Музика,
)
1963:
Невољите на покојникот К.К.
(
Музика,
)
1967:
Македонска крвава свадба
(
Музика,
)
1968:
Вирово
(
Музика,
)
1970:
Цената на градот
(
Музика,
)
1975:
Кочо Солев Рацин
(
Музика,
)