Производство: Вардар филм - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: социјален
Род: Краток игран филм
Времетраење: 20 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1961
Содржина: На роденденот на едно мало девојче, доаѓаат пријателите на нејзините родители. Добиените подароци се натрупуваат во нејзината соба и повеќето од нив се исти. Гостите ја забораваат малата славеничка и се затвораат во салонот. Започнува танцот, а постарите играат карти. Малечката останува сама. Соседите се вознемирени од бучавата и бараат од домарот да интервенира. Тој оди во станот каде што се слави. Вратата му ја отвора девојчето. Тоа го кани стариот добар домар во својата соба за да му ги покаже играчките. Сакајќи да и го разубави роденденот домарот се обидува да ја развесели малечката. Со помош на нејзините играчки ја внесува во светот на бајките. Куклите оживуваат и девојчето со радост учествува во нивната игра. Времето минува, веќе е доцна во ноќта и девојчето заспива. Домарот тивко заминува, оставајќи ја во ентериерот на нејзината соба, полна со играчки.
Автори:
Улоги:
Сашка Димова -- девојчето
Други соработници:
адаптација -- Здравко Велимировиќ
музиката ја изведува -- Љубљанската филхармонија
диригент -- Бојан Адамич
песната „Среќен роденден“ ја пее -- Нина Спирова
асистент снимател -- Миле Ивановски
помошник организатор -- Милош Калиќ
директор на филмот -- Сами Мизрахи