< Назад

Љутков Зоран

Биографија: (Велес, 1.10.1977 - ) Театарски, филмски и телевизиски актер. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во 2001 година, а во 2002 запишал постдипломски студии за сценографија на Универзитетот за уметности во Белград. Во 2006 г. се вработил во Драмскиот театар Скопје. Има остварено бројни главни и споредни улоги во матичниот театар, но и како гостин во сите поважни театарски установи во државата. Учествувал и на неколку меѓународни театарски фестивали, работилници и филмски и ТВ проекти.

Филмографија:

2000: Волшебното тркало ( Актер, )
2001: Нарцис ( Актер, )
2003: Приказни за љубовта и свршувањето ( Актер, )
2005: Контакт ( Споредна улога, )
2015: Пепи и Муто ( Главна улога, )
2015: Последниот Македонец ( Актер, )