< Назад

Приказни за љубовта и свршувањето

Производство: „Партизанска продукција“

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: драма

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 210 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 0

Година: 2003

Содржина: Играна серија, во 7 продолженија, за љубовта меѓу двајца млади луѓе.
ПОНЕДЕЛНИК / Дејан (Чарли) и Лина се во љубовна врска. Лина е слепа девојка од сиромашно семејсто, живее со татко и во трошна куќичка во предградието. Дејан е од поимотно семејство, „навлечен“ на пороци. Тој има пари, пие, се дрогира и оди по забави. Една вечер заедно одат на забава кај пријателите на Дејан. По неколку инциденти што се случуваат на забавата, двајцата заминуваат во домот на Дејан. Тој се предозира и умира.
ВТОРНИК / Приказна за двајца вљубени млади, Маци (Верица Недева) и Дамјан (Дејан Лилиќ). Дамјан работи како кловн а Маци е фото модел. Тие живеат заедно. Дамјан и по дома глуми кловн што многу ја нервира Маци. Маци го сака Дамјан но, има потреба да го изневерува со други мажи. По една таква случка, таа сака да си замине. Дамјан ја придобива со својата љубов и остаануваат заедно.
СРЕДА / Петар (Игор Џамбазов) работи во полиција и е успешен во својата работа. Приватно води раскалашен живот. Ноќите ги поминува во друштво со „сомнителни“ мажи, жени, алкохол и дрога. Еден од криминалците кој го брка му се „свети“ на Петар со тоа што му го убива семејството. Петар има кошмари од овој немил настан. Во умот,честопати му се враќаат слики од ќерка му и жена му. Тој е решен да се одмазди.
ЧЕТВРТОК / Љубовна приказна составена од три дела: КОСТА, МЕРИ и КОСТА И МЕРИ. Коста (Игор Ангелов) по подолго одсуство се враќа и се среќава со својот најдобар другар (Тони Михајловски). Зборуваат за Мери, љубовта на Коста. Другар му, му кажува дека таа е во градот. Коста оди кај неа дома. Коста и Мери се млади луѓе, кои се сакаат. Тие биле разделени 1,5 година и по повтоторна средба, нивните чуства се уште посилни. Мери наоѓа торба полна со пари и пасош на туѓо име. Коста одрекува дека има било каква врска со криминал. Заедно планираат бегство и заеднички живот во Куба.
ПЕТОК / Љубовна приказна за момче (албанец) и девојка (македонка) кои се вмешани во криминал со албанска мафија. Серијата изобилува со сцени во кои има насилство, пукотници и убиства. Содржината на серијата се испреплетува со театарска претстава со исто таква содржина.
САБОТА / Приказната почнува со сцена од театарска претстава „Ромео и Јулија“. По претставата, главните ликови одат во станот на девојката (Арна Шијак) и водат љубов. Доаѓа Владимир (Тони Михајловски), поранешното момче на девојката, колегата си оди. Владимир и девојката водат љубов, тие се среќни и заљубени. Утрото девојката станува и прави појадок за двајцата, му го носи појадокот на Владимир во кревет. Не може да го разбуди. Тој е мртов. Доаѓа лекар и констатира смрт. Го носат во мртовечница. Девојката не може да се помири со смртта на својота љубов, тагува и не може да се оддели од него.
НЕДЕЛА / Приказна за Игор Лазаревски Шејтан, сериски убиец, кој е во бегство од душевната болница во Демир Хисар. Игор се сретнува со една новинарка и ѝ ја раскажува својата животна приказна. Зборува за дисфункционалното семејство во кое растел и тешкиот живот во детството. Има извршено неколку убиства и во план му е да се самоубие. Неговата девојка не верува во неговата намера да се убие и дека тој е серискиот убиец по кого се трага.

Автори:


Играат: Игор Стојчевски, Марија Поповска, Весна Паневска, Кака Каракаш, Кристина Катријаноска, Сузана Јошевска, Марија Бакарџиева, Кристина Хочевар, Давор Спировски, Мики Костов, Бобо Несторовски, Иво Ангеловски, Никола Ванчевски, Ѕвонко Јанев, Ристо Гушиќ, Бојан Петровски, Марко Гелев, Максимилијан, Фросина и Анета (понеделник); Анета Алексоска, Борче Арсов, Коста Агратов, Игор Шојлев, Михаела Петровска, Никола Бочваров, Филип Попов, Ивана Стојческа, Данка Стојческа, Марко Галев, Марија Немет, Сара Димовска, Исидора Арнаудова, Андреј Нестороски и Филип Илиев (вторник); Георгина Калановска, Даша, Јасмина Василева, Петар Волнаровски, Владимир Русјаков, Бојана Тевчева, Рубин Меновски, Марија Велјановска, Фуки, Буљо, Кате и Емилија Ролева (среда); Џенап Самет и Наџи Шабан (петок)
Музика: SIN.US
Директор на продукција: Дејан Илиев
Кастинг директор: Драгана Милошевска
Во соработка со ФДУ
+16

Фотографии: