< Назад

Рамизи Хајрулах

Биографија: (Скопје, 02.03.1984 - Скопје, 18.11.2021) Албански театарски и филмски актер од Македонија. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје Од 2007 година работи во Албанскиот театар во Скопје. Забележителни се неговите креации во претставите: „Војцек“,  „Калигула“, „ Генералот на мртвата војска“, „Макбет“ и „ Арсеник и стари тантели“. Негова последна претстава беше „ Брегот на тагата“. Настапувал и во регионални и домашни филмови: „Едварт“, „Време на кометата“, „Војната заврши“, „1955“, „Само уште еден збунет слон“, „До Балчак“, „Судбина“ и „Незаборавна пролет во заборавено село“.

Филмографија:

2011: Панкот не е мртов ( Главна улога, )