< Назад

Гроздановски Миле

Биографија: (Кичево, 21.9.1950 - ) Филмски и телевизиски режисер и сценарист. Завршува југословенска литература со македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Со доаѓањето во Скопје 1969 година, се зачленува во Академскиот киноклуб каде што како аматер снима, режира и монтира филмови, за што е повеќекратно наградуван. Првпат на игран филм работи како трет асистент-режисер на играниот филм на Бранко Гапо, ИСТРЕЛ. Паралелно со студирањето, од 1972 година работи и во РТС самостојно како сценарист и режисер. Од 1970 до 1980 има статус на слободен филмски работник, а од 1980 година до денес е во редовен работен однос во Македонската телевизија. Покрај неговите филмски остварувања, особено значајни се и неговите телевизиски емисии за деца: „Опстанок“, „Шарам, барам“, „Чук, Чук Стојанче“, потоа многу драми, и телевизиски филмови. Режисер е и на фестивалите на забавна музика: Макфест, Интерфест, Скопскиот фестивал на забавна музика и на многу други емисии Живее и работи во Скопје.

Филмографија:

: Силно светнал ден ( Режија, )
1976: Денес треба нешто да се случи ( Режија, Сценарио, )
1977: Исправи се, Делфина ( Асистент на режија, )
1977: Град херој - Прилеп и Прилепско во НОВ ( Асистент на режија, )
1979: Бакнеж ( Режија, Сценарио, )
1980: Оловна бригада ( Асистент на режија, )