< Назад

Исправи се, Делфина

Производство: Вардар филм - Скопје; Македонија филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: психолошки

Род: Игран филм

Времетраење: 101 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1977

Содржина: Филмска приказна за девојката Делфина, која е решена да ги совлада сите оние тешкотии и разочарувања што ги носи со себе животот и да истрае во совладувањето на водите од каналот Ла Манш. Делфина се подготвува да го преплива каналот. Меѓу случајните минувачи е и Рене, инвалид во количка, кој го препливал каналот и сите пливачи ги испраќа на нивниот долг пат. Борбата со непредвидливиот канал започнува. Во бродот што ја придружува, покрај судиите, се нејзиниот тренер Атанас и пријателот Петко. Тоа се единствените луѓе што вистински ја сакаат Делфина и кои настојуваат да и помогнат во остварувањето на подвигот. Додека плива во разбранетото море, Делфина се сеќава на изминатиот живот: како се запознава со Младен, тренерот на републичката репрезентација во пливање, за првите интимни контакти со него, за наставата во угостителското училиште и за членувањето во локалниот пливачки клуб. Кога еден ден добива стипендија за школување во ДИФ, Делфина не се двоуми и заминува за Скопје, зашто очекува од животот многу повеќе, и е решена ништо да не ја спречи во намерата да го осмисли својот живот и да го најде вистинскиот пат. Сите напори, сите достигнувања, сите падови и омаловажувања, Делфина ги надминува стоички. Таа успева да ја надмине дури и кризата при препливувањето на каналот, овој пат со помош на Петко, кој скока во водата и плива заедно со неа. Препливувањето на Ла Манш ќе значи единствена можност Делфина да ја врати самодовербата, желбата за нормално живеење и самопочитта. Делфина ја води последната битка, со крајни напори се исправа на своите нозе и го постигнува невозможното. Го победува Ла Манш. На приемот во Скопје, што се одржува во нејзина чест, се наоѓа и Младен, но таа се поздравува со Петко и заминува по патот што самата го одбрала.

Награди: 1977 ФЈИФ, Пула, Бронзена арена за режија на Александар Ѓурчинов 1977 ФЈИФ, Пула, Награда за режијата од магазинот „Зум репортер“ на Александар Ѓурчинов 1977 ФЈИФ, Пула, Сребрена арена за главна женска улога за Неда Арнериќ 1977 ФФ, Врњачка бања, Специјална награда „Златник“ за актерот Слободан Димитриевиќ 1977 ФФ, Врњачка бања, Трета награда за сценарио на Александар Ѓурчинов 1977 ФФ, Ниш, Награда „Царица Теодора“ за најдобра женска улога на Неда Арнериќ 1978 МФФ, Париз, ЦИДАЛЦ

Автори:

Директор на филм: Ангеловски Благоја
Директор на фотографија: Билбиловски Киро
Сценографија: Лазаревски Никола
Асистент на режија: Гроздановски Миле
Монтажа на тон: Паковски Глигор
Организатор на снимање: Калиќ Милош
Помошник на режија: Младеновиќ Зоран - Окан

Други улоги:

Димитар Апостолов
Иванка Зенделска
Снежана Липковска


Други соработници:

соработници на сценариото -- Живојин Павловиќ; Момо Капор
вокална изведба -- Славе Димитров
секретар режисер -- Марија Ѓорѓевиќ
асистент снимател -- Слободан Стојановски
водач на снимање -- Панта Мижимаков
помошник директор -- Љубица Крстевска
соработници -- Миладин Аранѓеловиќ; Симо Бикиќ; Миле Стефков; Димитар Поповски; Атина Бојаџи
маскер -- Драгица Миливојевиќ
музиката ја изведува -- Студискиот оркестар на Благоја Чешларов
диригент -- Александар Џамбазов
текст на сонговите -- Благоја Стефановски

Постер:

Фотографии:

Награди: